Ребека му го прослави 16-иот роденден на синот Маркијан со сопругот и близначињата, во скопски локал (фото)
- Детали
- понеделник, 07 ноември 2022
„Најсреќниот ден на Маркијан. Прекрасен роденден мил мој. Ви благодариме на сите што дојдовте на нашата забава...“, напиша Ребека и со Маркијан дуваше свеќички на неговата торта со Дизни јунаците од филмот „Moana“.
Синот на пејачката и активистка Ребека, Маркијан, наполни 16 години, а таа заедно со сопругот и помалите братчиња на Маркијан, како и најблиските пријатели, му го прослави роденденот во еден скопски локал.
Тие дуваа свеќички на торта со ликовите од „Moana“, анимиран филм на Дизни.
Во описот на фотографиите Ребека напиша:
„Најсреќниот ден на Маркијан. Прекрасен роденден мил мој. Ви благодариме на сите што дојдовте на нашата забава. Да си среќен!
Господ да те благослови со среќа и луѓе кои те сакаат до крајот на животот! Среќен Роденден!“
Фотографии од роденденот на Mаркијан:
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/pfbid02i2x7QxpivLrNMuVjvQWk6R8rg3DYcsjyyijzCzZqwAZJXtHH8aGx8YXyVcEkreG1l
С. С. | Црнобело