„Животот е пред мене“ – Погледнете го спотот за песната со која Лара, Ирина и Јован ќе нѐ претставуваат на детската Евровизија
- Детали
- петок, 04 ноември 2022
„Животот е пред мене“ е насловот на песната со која ќерката на македонскиот вирутоз Симон Трпчески, Лара, заедно со Ирина и Јован ќе настапи годинава на детската Евровизија.
Музичкото трио ќе настапи на големата сцена во главниот град на Ерменија, Ереван со песната „Животот е пред мене“ (My Life Ahead of Me).
Песната, заедно со спотот, е објавена на YouTube и може да ја преслушате:
Инаку, на социјалните мрежи се огласи и гордиот татко на Лара, кој порача:
„Горд сум што сум дел од македонскиот тим – Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ерменија!
Одлична инспирација за моите претстојни концерти со прекрасниот оркестар на Минесота!
Децата се иднината!
Животот е пред нас, тоа е вистинскиот дух!
Напред Лара, Јован и Ирина!“ - напиша Трпчески на Инстаграм.
Б. С. Б. | Црнобело