Катарина Ивановска во када ги покажа тетоважите, Александар Јосифовски во САД со Лепа Брена: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
Катарина Ивановска си потстрижа шишки, Ведрана Ѓорѓевиќ со дечкото на забава во Минхен, Димитар Атанасовски и Сара Мејс со децата и кучето на прошетка во село, па Сара Мејс со ќеркичката се маскираше пред Халовин, Барбара Ракичевиќ во Германија, Елена Ристеска откри дека преку својата ЕРА продукција ќе работи на промоција на млади таленти...
Мики Црнокрак го прослави 11-тиот роденден на помалата ќерка Нина, Тони Михајловски се враќа на фитнес тренинзите, а Весна Петрушевска ги открива сите успешни проекти периодов.
Бојана Скендеровски во описот на фотографија со сопругот напиша: „На секој од нас ни треба сродна душа, рамо за плачење, личност со која ќе наздравуваш за победите и ќе се тешите во поразите, совршен партнер не постои, но постои личност која совршено може да ве надополни… Кога ќе ја најдете таа личност, сакајте ја и почитувајте ја и чувајте ја.“
Елена Ристеска пак го најави својот нов проект и нејзината ЕРА продукција: „Во овие 20 години кариера секогаш несебично помагав на младите потенцијални ѕвезди, како и на своите колеги.
Овојпат имам поголема мисија, мисија да застанам како ЕРА продукција зад оние млади таленти за кои верувам дека имаат потенцијал да станат вистински ѕвезди. Како менаџер, како автор или како ментор, целта ми е да им го пренесам своето искуство во музиката и да трасирам една посигурна приказна во нивните кариери. А секако и да начнам нова енергија на македонската музичка сцена.“
Што прават македонските ѕвезди деновиве:
Весна Петрушевска
Александар Јосифовски со Лепа Брена на турнеја во САД
Мики Црнокрак
Тони Михајловски
Катарина Ивановска
https://www.instagram.com/p/CkQnb2KIsL6/