Моден погодок: Тамара Тодевска со црвен, макси фустан изгледаше како светска дива на Макфест (фото+видео)
- Детали
- среда, 26 октомври 2022
Тамара Тодевска ја истакна фит линијата во фустанот со должина до подот, кој беше доволно впечатлив и немаше потреба да се надополнува со накит. Светско, а наше, зарем не?
Taмара Тодевска во макси црвен фустан блесна на сцената на Макфест. Пејачката изгледаше како светска дива, а впечатливиот ролка фустан го надополни со едноставна фризура.
Поради деталите на самата креација, воопшто немаше потреба од накит, а креацијата на нашиот дизајнер Игор Марков ја истакна силуетата на драстично ослабената Тамара.
Светско, а наше, зарем не?
„На Макфест ја започнав својата кариера, во далечната 1991 година со Маријана и Росана. Победивме со Врчак, со „Седмо небо“, а после следуваа: „Немирна“, „Готово е“, „Тажна љубов, среќна песна“...
Штип и Макфест беа одлични домаќини и годинава.
Благодарност до сите мои соработници, кои се погрижија мојата песна „Замижи“ да биде најдобро претставена“, напиша Тамара во описот на фотките.
Стајлингот на Тамара на Макфест:
С. С. | Црнобело