Лила Филиповска во раскошен фустан, Кристина Димитри со смел аутфит – највпечатливите модни изданија на Макфест 2022
- Детали
- недела, 23 октомври 2022
Лила Филиповска ги засени сите со раскошниот зелен фустан, а Викторија Лоба изгледаше одлично во црно-бела елегантна комбинација – што носеа ѕвездите на овогодишното издание на Макфест?
На 21 и 22 октомври се одржа фестивалот Макфест кој годинава беше малку поразличен.
За разлика од претходните години, на 37-мото издание на фестивалот немаше награди, а на сцената се појавија и нови музички имиња, и некои од најголемите македонски музички ѕвезди.
На првата вечер генерално настапуваа дебитанти, од кои дел се пласираа во Ревијалната вечер.
Втората вечер, на сцената имавме можност да ги видиме ѕвездите како Викторија Лоба и Тамара Тодевска.
Годинава како водители и презентери се појавија Лила Филиповска, Јана Бурческа, Марјана Станојковска, Димитар Атанасовски и Миланка Рашиќ.
Македонските изведувачи и водителите навистина се потрудиле и за нивната облека, па во двете вечери видовме неколку импресивни модни изданија.
Во продолжение највпечатливите модни изданија на Макфест 2022:
Тамара Тодевска
Лила Филиповска
Благица Ѕунѕуровска – Блеа
Викторија Лоба
Андријана Петрушовска
Кристина Димитри
https://www.instagram.com/p/Cj_bWKyMJFJ/
Андреа
Марјана Станојковска
Јана Бурческа
Спирова С. | Црнобело