Македонска инфлуенсерка ужива во обичаите пред свадбата: „Имаат посебна убавина обичаите, треба да си ги чуваме“
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
„Четвртокот пред свадба се печат зелници, благо лепче, се китат венците и обавезно сукалката да е обложена со црвено и бело цвеќе за здрави и среќни дечиња!“ – инфлуенсерката и сопственичка на локали за здрава храна Стефанија Несторовска објави видеа од обичаите пред нејзината свадба.
Колку во Македонија се почитуваат старите традиции и свадбарски обичаи?
Инфлуенсерката и сопственичка на локали за здрава храна Стефанија Несторовска на својот Инстаграм профил сподели повеќе објави поврзани со традиционалните свадбарски обичаи, а покажа дека свадбите се причина за семејството да се собере и сами по себе имаат убавина што треба да се негува и да се почитува.
Стефанија е позната по тоа што постојано споделува совети за здрава исхрана и фитнес вежби и има над 33.000 следбеници, а деновиве споделува видеа и фотографии со кои открива како течат подготовките за свадбата со нејзиниот сакан Стефан.
„Кој друг си ги сака ваквите традиции? Четвртокот пред свадба се печат зелници, благо лепче, се китат венците и обавезно сукалката да е обложена со црвено и бело цвеќе за здрави и среќни дечиња!
Аххх, има некои традициички што секогаш треба да си останат со нас… Не мора сите ама ете така по некои.
Има некоја убавина во тоа, а особено што ти дава уште една причина за сите блиски да се соберат на куп. You gotta love that! – напиша таа до видеото во кое се гледа како течел процесот на подготовка на зелниците.
Таа во Инстаграм Стори објави повеќе видеа во кои може да се види мајсторијата на вредните домаќинки кои ги подготвуваат зелниците, убавата цветна декорација на влезната врата, а како што вели, дури и нејзиното милениче Харо е накитено за пред свадба.
Инаку, свршеникот на Стефанија, Стефан ѝ приреди возбудливо запросување, додека тие двајцата беа на патување во Дубаи.
Погледнете повеќе фотографии од месењето на зелниците во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело