Мартија се бакнува со мајка си во уста, по картонот на Бомбакис: „Сакајте си ги родителите“
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
Додека се возеле со автомобилот пејачката Мартија Станојковиќ и нејзината мајка налетале на картонот со порака од Бомбакис – изразија поддршка на симболичен начин.
Деновиве дечкото со картони Бомбакис на неколку места низ градот постави картони со позитивни пораки, меѓу кој беше и оној, кој го има објавено уште во месец јуни кај него на Инстаграм, „Сакајте си ги родителите“.
https://www.instagram.com/p/CfYptpwrc9G/
На овој картон налетале пејачката Мартија Станојковиќ и нејзината мајка.
И симболично поддршка на ова изразија со фотографии на Инстаграм. На едната се бакнуваат, а на другата се гледа картонот во далечина.
„Сакајте си ги родителите“ е порака која треба да ја прочитаат сите – и деца и возрасни, зарем не?
Прочитајте и Бомбакис, дечкото со картони, во свој стил со картон ја запроси саканата на плажа во Грција, по 6 месеци врска (фото)
С. С. | Црнобело