Бомбакис, дечкото со картони, во свој стил со картон ја запроси саканата на плажа во Грција, по 6 месеци врска (фото)
- Детали
- петок, 09 септември 2022
„Ја запросив со картон на плажа и ми кажа „да“, но мене тактички ми беше избрана дестинацијата, па и да кажеше „не“ тоа во Грција ќе значеше да“, се шегува Бомбакис и за CRNOBELO.com открива детали од запросувањето и како ја изненадил саканaта Вики.
Кристијан Станковски (31), коj е познат како дечкото со картони Бомбакис, ја запроси својата сакана Вики (31), по само 6 месеци врска, на плажа во Грција.
Тој за CRNOBELO.com открива дека одлучил да ја изненади додека таа е на одмор со брат ѝ во Грција.
За запросувањето Бомбакис споделува за CRNOBELO.com:
„Беше многу збунета, затоа што навистина беше неочекувано. Не ѝ се веруваше дека се појавив ненадејно таму.
Ја запросив со картон на плажа и ми кажа „да“, но мене тактички ми беше избрана дестинацијата, па и да кажеше „не“ тоа во Грција ќе значеше да.“
Фотографии од запросувањето:
View this post on Instagram
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело