„Мама, поим за борбеност“ – Антониа Гиговска со емотивна објава за роденденот на мајка си
- Детали
- сабота, 08 октомври 2022
„Мама, поим за борбеност. Најсреќен роденден, фала што си моја најголема поддршка. Никогаш нема да можам да ти се оддолжам за сè што правиш за мене...“, гласи дел од објавата на Антониа Гиговска со фотка од младоста на мајка ѝ.
Неодамна мајката на Антониа Гиговска го прослави роденденот, а пејачката по тој повод ѝ посвети емотивна посвета со фотографија од младоста на мајка ѝ.
Таа откри дека мајка ѝ ѝ е најголемата поддршка во животот.
Нејзината објава:
„Мама, поим за борбеност. Најсреќен роденден, фала што си моја најголема поддршка. Никогаш нема да можам да ти се оддолжам за сè што правиш за мене секојдневно. Те сакам, биди секогаш насмеана.“
Инаку, откако во повеќе наши медиуми осамна информацијата дека Антониа се разделила со нејзиниот партнер пејачот Иван Јованов, таа објави фотографија од себе со моќна посвета:
„Драга јас, Знам дека си исплашена, но ти можеш да се справиш со ова.“
Периодов Антониа е актуелна со разни настапи низ градовите во Македонија, па од Свети Николе, продолжува кон Струмица.
С. С. | Црнобело