Тамара Тодевска на патување со мајка ѝ Брана во Истанбул - време само за нив (фото)
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
Тамара Тодевска ги истражува убавините на Истанбул со нејзината мајка Брана, а покрај прекрасните џамии, вкусните оброци, впечаток ѝ оставил и светкавиот автомобил на кој случајно налетале... Кич или интересно?
Тамара Тодевска со нејзината мајка Брана деновиве престојува во Истанбул. Време посветено само за нив двете и за дружба и прошетки.
Од прекрасните џамии до вкусни оброци, па и неверојатни глетки, како целосно светкавиот автомобил кој ѝ остави впечаток на Тамара и го сподели на Инстаграм Стори, со опис „Ок“, најверојатно мислејќи дека изгледот е навистина кич.
„Време за мајка и ќерка во прекрасниот Истанбул“, напиша таа во описот на фотографиите.
Двете очигледно поминуваат одлични мигови во Турција.
Повеќе фотографии од нивниот престој во Истанбул:
С. С. | Црнобело