Марија, правнуката на Петре Прличков: „Чичко ми Игор Џамбазов ни беше кум на свадбата, со него си ги споделувам сите тајни“
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
„Со Игор сме многу, многу блиски и доста често се гледаме и слушаме, особено кога е во Скопје. Секогаш кога има настап одиме… Го обожавам и со него си ги споделувам сите тајни“, вели Марија Прличкова за CRNOBELO.com и открива детали од свадбата.
Игор Џамбазов се појави во улога на кум на свадбата на неговата внука Марија Прличкова-Нешовска, која е правнука на легендарниот македонски актер Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо.
Марија и нејзиниот сакан Емил го кажаа судбоносното „да“, по 7 години врска.
Игор на својата внука за свадба ѝ подари уметничко дело насликано од неговата сакана Илина Арсова, која за жал не беше присутна на прославата.
„Ја омажив внучката... Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!! Подарокот е од Илина Арсова и ни фалеше многу“, напиша Игор на својот Инстаграм профил.
Ние ја контактиравме Марија за да сподели со нас детали од нејзиниот најважен ден.
Марија за CRNOBELO.com вели:
„Немавме традиционална свадба, бидејќи сметавме дека нема потреба од класични обичаи. Јас и Емил сме 7 години во врска, а последнава година живееме заедно.
Беше мала интимна прослава со најблиските роднини во Ореов Лад.
За пријателите ќе направиме прослава во една скопска кафана, од каде ќе продолжиме во ноќен клуб. Така ќе ги задоволиме сите гости кои се радуваат на крунисувањето на нашата љубов.
Омилен дел од церемонијата ми беше што за гостите имаше порака во шише, изработка од мајка ми и нејзините пријателки, а пораката беше испишана од мене.
Инаку имав два бидермаера, едниот подарок од мајка ми, другиот од свекрвата. Двата се лично нивна изработка. Свекорот се погрижи за музиката во позадина, а снаа ми за шминката и фризурата.
Игор Џамбазов е нашиот кум, но бидејќи не правевме свадба во црква не нѐ венчаше. Овде беше во својство на сведок, но ние го сметаме за наш кум.
Игор ми е чичко, тој е братучед на татко ми, односно, таткото на Петре Прличко и таткото на мојот прадедо се браќа.
Со Игор сме многу, многу блиски и доста често се гледаме и слушаме, особено кога е во Скопје. Секогаш кога има настап одиме.
Го сакам навистина и мака ми е што Илина не беше присутна. И таа нè засака многу покрај него. Инаку толку сме приврзани што со Игор често знам да си ги споделам сите тајни.“
View this post on Instagram
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело