Александар Динев сними непријатна ситуација во автобус на пат кон Скопје - жени се расправаат на цел глас (доказ за некултурата кај нас)
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
„Ако овие две возрасни жени имаа барем малку самоконтрола и човечност, не би постапувале вака, особено додека во автобусот има мали деца и луѓе со попреченост...“, вели младиот Александар Динев, кој е згрозен од непријатната сцена на која посведочил во автобус кај нас. Погледнете го видеото... Сте се соочиле ли со ваква ситуација?
Александар Динев за време на едно возење со автобус кон Скопје при извршување на некои од своите работни обврски посведочил на навистина непријатна и некултурна сцена.
Тој сними видео од сцената и на Инстаграм Стори напиша:
„Немав намера ова да го објавам, но толку ми стана непријатно затоа што до мене седеше човек кој што имаше попреченост со видот и му создаваа голем стрес затоа што се караат позади него.
Само сакав да споделам дека колку и да си возрасен, доколку немаш здрав разум секогаш ќе паднеш во вакво ниво на вулгарност.
Ако овие две возрасни жени имаа барем малку самоконтрола и човечност, не би постапувале вака, особено со мали деца и луѓе со попреченост.“
Погледнете (слушнете) ја оваа сцена:
С. С. | Црнобело