Аделина Тахири го покажа лицето без шминка и филтер: „Сакајте се себеси“
- Детали
- среда, 14 септември 2022
Синооката убавица е позната по својот впечатлив изглед и луксузни изданија, а овојпат ја покажа својата природна убавина, без грам шминка и Инстаграм филтри и упати моќна порака.
Аделина Тахири обожава да ја истакнува својата природна убавина со впечатлива шминка и честопати имаме можност да ја видиме во луксузни, модни изданија.
Сепак, синооката убавица овојпат одлучи да се покаже во природно издание пред своите 440.000 следбеници на Инстаграм.
Таа објави видеa на Инстаграм Стори, без грам шминка и без филтрите кои сите обожаваат понекогаш да ги користат, а со тоа и испраќаат погрешен впечаток за себеси.
„Сакајте се себеси“ – напиша таа и со овој потег ги поттикна сите да ја ценат природната убавина наместо да уживаат во лажната слика која понекогаш се прикажува на Инстаграм.
Повеќе фотки од неа во продолжение:
М. М. | Црнобело