„Се роди Искра“ - Александар Трајковски, нашиот фудбалер кој го даде историскиот гол против Италија, доби ќерка (фото)
- Детали
- вторник, 13 септември 2022
„Љубов моја, жено, кралицe, ти благодарам што на свет ми донесе уште една принцеза. Се роди нашата Искра. Те сакам...“, напиша пресреќниот Александар Трајковски, кој засекогаш ќе го паметиме по одлучувачкиот гол кој ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.
Александар Трајковски е фудбалерот кој на 24-ти март нè направи горди кога во мечот против Италија го даде одлучувачкиот гол и ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.
Александар е во брак со прекрасната црнокоса Александра и заедно го имаат синот Матеј, а сега нивното семејство е побогато за уште еден член – тие ја добија ќерката Искра.
Вчера (12.09) тој објави фотографии од сопругата и ќеркичката, направени веднаш по породувањето, и напиша:
„Љубов моја, жено, кралицe, ти благодарам што на свет ми донесе уште една принцеза.
Се роди нашата Искра. Со твоето раѓање солзите радосници на твојата мајка станаа бисери, тоа е љубовта која прави големата мака и исцрпеност да се замени со насмевка.
Ти благодарам љубов моја што ме направи најсреќниот и најгордиот родител по вторпат. Те сакам.“