„100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам“ – Сара Мејс слави 5 години брак со Димитар со невидени фотки од свадбата
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
По повод пет годишнината од денот кога стапи во брак со водителот Димитар Атанасовски, македонската пејачка и харфистка Сара Мејс објави досега невидени фотографии од свадбата. Повторно имавме можност да ја видиме нејзината уникатна венчаница, но и да откриеме дека на свадбата гостите одлучиле да се разладат во базен само во долна облека...
Сара Мејс и Димитар Атанасовски на почетокот на минатиот месец станаа родители по вторпат и го добија синот Кирил, а изминатиот викенд пејачката сподели повеќе фотографии од нивната свадба.
„100 пати да се родам, 100 пати ќе те најдам“ – напиша Сара до фотографиите.
Инаку, Сара и Димитар направија уникатна свадба во септември 2017-та година, кога младоженецот по невестата отиде со моторцикл, а Сара на церемонијата носеше две венчаници.
Сега, по повод пет години од нивната свадба пејачката на Инстаграм сподели повеќе фотографии од романтичните мигови тој ден, но и лудата забава.
Свадбените фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело