Ребека со трите сина и сопругот на релаксација во џакузи и зеленило во Негорски бањи (фото)
- Детали
- петок, 02 септември 2022
Одлично среденото зеленило, како и приватното џакузи на отворено, се вистински рецепт за релаксација, а Ребека и Милан со децата, се одлучија токму за такво „викенд бегство“.
Фото: Фејсбук Ребека Јанковска Ристески
Ребека со својот сопруг, докторот Милан Ристески, и децата последниот месец од август го искористи за семејна викенд релаксација во Негорци, село во општина Гевгелија каде се наоѓа комплексот Негорски бањи.
Парот со синот Маркијан и помалите близначиња се релаксираше во џакузи, во зеленило и мирна атмосфера.
Ребека на својот Фејсбук профил објави фотографии од патувањето и напиша:
„Викенд пред 1-ви Септември. Последно капење летово. Ви благодариме на гостопримливоста и прекрасниот амбиент Негорци и Гевгелија.“
Фотографии од Негорци:
С. С. | Црнобело