Аделина Тахири и сопругот како излезени од модно списание – по луксузниот одмор во Грција, уживаат во Албанија (фото)
- Детали
- четврток, 11 август 2022
Бодрум, Албанија, Миконос, Парос, луксузна јахта, скапи ресорти, забави на плажа, брендирани модни парчиња – Аделина Тахири изгледа како да е на бесконечен одмор летово. Со сопругот објавува вљубени фотки во модно усогласени изданија, а со неа често е и нејзината сестра, прекрасната Диана.
Судејќи по фотките на Инстаграм, се чини дека Аделина Тахири цело лето го помина на плажа и вистински ужива во задоволствата на животот.
Подолг период таа престојуваше на грчкиот остров Миконос, од каде објавуваше фотки од плажа и од луксузна јахта, а моментално се во Албанија.
На летните патувања ја придружува и нејзиниот сопруг Серјожа, со кого објавува фотки од модно усогласени комбинации, на кои изгледаат вљубено и како излезени од списание.
Бикини со кристали, рачно изработени шешири и фустани во бохо стил, скапи модни додатоци – секое појавување на синооката убавица е уникатно и впечатливо, независно дали е за на плажа, за забава или прошетка низ популарните туристички места.
Како Аделина го поминува летото, низ Инстаграм фотки:
https://www.instagram.com/p/CgKbIssN_SH/