„Снага карпа, душа како памук“ - колегите се простуваат од актерот Митко С. Апостоловски кој почина на 67-годишна возраст
- Детали
- петок, 05 август 2022
Ќе го помниме по култната реплика во филмот „Трето полувреме“ каде ја толкуваше улогата на Димитрија. Познатите личности масовно го споделуваат видеото во кое тој вели: „Македонија е свето име“, по веста за смртта на актерот Митко С. Апостоловски.
Веста за смртта на актерот Митко с. Апостоловски ја објави Битолскиот народен театар:
„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на Народен Театар Битола, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега!“ – стои во објавата на Фејсбук.
https://www.facebook.com/teatarbitola/posts/pfbid02fJS91QXVYsFmBEQ8z6JaKWiM414Ab7B2j88i6SpEJU22NuN6M6pxTgvm6x6YqF17l
По објавата голем број од познатите личности со свои објави се простуваат од актерот кој покрај големиот број театарски услоги, ќе остане запаметен и по филмските улоги, во филмовите „Големата вода“, „Година на мајмунот“, „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.
Познатите македонски личности се збогуваат со познатиот актер, а голем дел од нив го споделуваат и видеото со култната реплика од филмот „Трето полувреме“:
Македонија е свето име бе мамето ваше! Потрудете се да не го обрукате! RIP 🖤
Posted by Миа Костова on Friday, August 5, 2022
„Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име бе мамето ваше”.
Битолчанец кој долги години работеше во театарот во Куманово и зборуваше перфектен кумановски.
Почивај во мир Мице. Нека ти е светол патот.
Ќе се видимо тамо негде на некоју раќију. .“ – напиша актерот Тони Михајловски.
Почина Митко С. Апостоловски. Актерот кој на филмското платно ќе биде запомнет по репликата “Македонија, тоа е свето име...
Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Friday, August 5, 2022
„Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште. почивај во мир драг Митко С. Апостоловски, нека ти е вечно името и славата“ - напиша актерката Јелена Жугиќ.
Снагата карпа, душата памук, очите и насмевка космос, актерски виртуоз, доајен на битолското и македонско глумиште почивај во мир драг Митко С. Апостоловски, нека ти е вечно името и славата❤️
Posted by Јелена Жугиќ on Friday, August 5, 2022
„Македонската и балканската театарска и филмска сцена денес изгубија многу. Битолскиот театар остана без еден од своите доајени. Но, секогаш ќе те паметиме вака, како што беше Великан на театарските штици и филмското платно“ – напиша Неда Маретиќ.
RIP 🖤 Makedonskata i balkanskata teatarska i filmska scena denes izgubija mnogu Bitolskiot teatar ostana bez eden od...
Posted by Neda Maretic on Friday, August 5, 2022
Б. С. Б. | Црнобело