Англиски блогери по посетата на Македонија: „Дали на Балканот ќе гладувате ако сте веган?“

„Ако сте вегани и патувате низ Балканот, обидете се да најдете сместување на места каде имате можност сами да си готвите храна“ – препорачуваат двајцата блогери од Обединетото Кралство што во изминатиот период ги посетиле балканските земји, меѓу кои и Македонија.

angliski-blogeri-po-posetata-na-makedonija-kako-izgleda-da-patuvate-niz-balkanot-ako-ste-vegan-01.jpg

Дан и Ем од Велика Британија себеси се опишуваат како дигитални номади. Тие постојано патуваат низ светот и ги испробуваат нивните омилени вегански рецепти, а неодамна го посетија Балканот.

Тие на својот Инстаграм профил објавија интересно видео кое го насловија:

„Дали е тешко да се биде веган додека патувате низ земјите од Балканот“.

angliski-blogeri-po-posetata-na-makedonija-dali-na-balkanot-kje-gladuvate-ako-ste-vegan-02.jpg

Иако се смета дека е мошне тешко да се најде веганска храна во Балканските земји и дека луѓето со ваков начин на исхрана кога ќе ги посетат овие земји треба да гладуваат, блогерите Дан и Ем покажаа дека и на нашите простори може да се најде храна соодветна за нивните потреби.

angliski-blogeri-po-posetata-na-makedonija-dali-na-balkanot-kje-gladuvate-ako-ste-vegan-03.jpg

Во описот до видеото тие појаснија како изгледало нивното патување низ Балканот во поглед на исхраната, со оглед на тоа што и двајцата се вегани:

„Дали е тешко да се биде веган додека патувате низ земјите од Балканот?

Краток одговор? Да, може да биде.

Долг одговор? Па и да и не. Ќе треба да направите детално истражување, не можете да влезете во кој било ресторан и да очекувате дека ќе добиете веганска храна.

angliski-blogeri-po-posetata-na-makedonija-dali-na-balkanot-kje-gladuvate-ako-ste-vegan-04.jpg

Сепак бевме пријатно изненадени од тоа што секаде каде што поминавме (освен во Котор, Црна Гора) имаше вегански ресторани.

Ги посетивме Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија и во сите земји бевме во поголемите градови, така што немаме големо искуство, но веруваме дека ако ги посетите помалите места, тогаш ќе имате проблеми.

Наш совет кога патувате низ Балканот е да најдете сместување каде ќе имате можност самите да готвите. Во поголемиот дел од градовите имаше вегетаријански кафулиња со повеќе опции за храна, а кога немаше таква опција тогаш ќе мора да одите во повеќе ресторани каде се служи месо и да се задоволите со салати и помфрит“ – пишуваат тие.

Сепак од видеото може да се види дека не останале гладни, па имале повеќе опции за храна.

На Инстаграм Стори пак, споделуваат дека во сите маркети редовно може да се најдат лубеници:

„Ако го посетите Балканот бидете подготвени да видите многу лубеници. Овие луѓе многу ги сакаат лубениците“ – стои во напис на фотографијата.

angliski-blogeri-po-posetata-na-makedonija-dali-na-balkanot-kje-gladuvate-ako-ste-vegan-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg