Игор Џамбазов за Илина Арсова: „За роденденот ѝ купив куфер - утредента си замина со истиот тој куфер“

„Љубов е... Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла... Е тоа е љубов“, пишува Игор Џамбазов за својата сакана Илина, која повторно отпатува на нова авантура, а тој ја поддржува да си ги следи соништата.

igor-djambazov-za-ilina-arsova-za-rodendenot-i-kupiv-kufer-utredenta-si-zamina-so-istiot-toj-kufer-01.jpg

Игор Џамбазов веќе две години ужива во љубовта со Илина Арсова, нашата планинарка со нескротлив дух.

И клучот на нивната љубов е тоа што тој не се обидува да ја скроти, ниту ограничи, туку само безусловно ја сака и ја поддржува во тоа да си ги исполни соништата, дури и по цена да се буди сам и таа болно да му недостига.

Постојано ја нарекува супер-жена и негов живот.

Сега, Игор објави фотографија од неа, каде таа позира со куфер, пред да отпатува повторно, и напиша:

„За роденденот ѝ купив куфер.
Куфер. Тоа е она со кое патуваш.
Утредента си замина со истиот тој куфер.“

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Игор ѝ посвети и емотивна објава:

„Љубов е... 

Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот.

Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку.

Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла... Е тоа е љубов.“

Повеќе фотки од нив:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Нов мурал во Скопје посветен на Александар Џамбазов: Игор упати емотивна порака, Дац и Александар ќе... „Од денес па сѐ до вечноста, овој мурал во Дебар Маало секојдневно ќе нѐ потсету...
Илина Арсова објави фотки од снегот во Ноксвил, САД: „Ме потсеќа на детството во Скопје“ „Некогаш Скопје беше прекриен со снег, а небото беше чисто и во зима“... Илина А...
„Мојот сон стана реалност“ – Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза конечно го доби лекот Т... „Макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност“ – Иг...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg