4 ресторани во зеленило во тетовското село Беловиште (има водопади, лековита вода и дебели сенки)
- Детали
- четврток, 04 август 2022
Ќе уживате во жуборот на Беловишката Река, ќе имате можност да прошетате покрај неа кон водопадите, но и да си наполните од лековитата вода на местото Петачко водиче, а потоа да се почестите во вкусен оброк во некој од локалните ресторани во зеленило... Беловиште е вистински рај!
Доколку сте расположени за викенд бегство, каде покрај во вкусна храна ќе уживате и во неверојатна природа, а ќе има и каде да прошетате, тогаш селото Беловиште е совршено за вас.
Се наоѓа на околу 20km од градот Тетово и има асфалтен пат дотаму.
Беловиште е село во општина Јегуновце, на надморска височина од 669 метри, па затоа секогаш е за 5-10 степени постудено од градовите.
На неколку километри над селото се наоѓа местото Петачко водиче, каде има извор со лековита вода.
Има и рекичка и водопади и е совршено место за викенд бегство од урбаната џунгла.
Во овој предел има неколку ресторани со дебели сенки, летниковци и ќе уживате среде зеленило. Во некои од нив ќе уживате и во жуборот на Беловишката Река, а некои пак имаат фонтани и базенчиња.
Рестораните во тетовското село Беловиште:
Ресторан Белојшки Бисер
https://www.instagram.com/p/CPJC_D1HpnO/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CRbOh7_LX_m/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CKtcdGMn39w/?hl=en
Ресторан Викендица
Пица-ресторан Арома-С
Ресторан Бела Виста
С. С. | Црнобело