Не е Памуккале, Прилеп е: Александар Тарабунов воодушевен од убавината на Мермерното Езеро
- Детали
- четврток, 04 август 2022
Сте го посетиле ли македонското „Памуккале“? Александар Тарабунов очигледно е воодушевен од контрастот на величествените мермерни коцки и смарагдната вода во прилепското село Беловодица...
Aлександар Тарабунов беше на настап во Битола кај својот колега, легендарниот Здравко Чолиќ, а потоа посети и едно од највпечатливите места во Македонија, а тоа е Мермерното Езеро во селото Беловодица, блиску до градот Прилеп.
Тој се фотографираше покрај величествените мермерни коцки и смарагдната вода, кои наликуваат на познатото туристичко место Памуккале во Турција.
Памуккале, „памучно кале“, е природно место со топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Се наоѓа во внатрешниот дел на Турција на Егејско Море, покрај долината на реката Мендерес.
Памуккале, Турција
Нашето „Памуккале“ во прилепско пак, е создадено кога се вршело ископ на мермер кога при ископот се стигнало до извор на природна вода која го запрела процесот.
Изгледа навистина спектакуларно, а очигледно и нашиот пејач е воодушевен од него.
Мермерното Езеро во прилепско преку објективот на инстаграмџиите:
С. С. | Црнобело