Невестата од Галичка свадба за CRNOBELO.com: „Носијата беше тешка, но горда сум што ја негуваме традицијата“

„Носијата беше тешка, но тоа не претставуваше никаков проблем за мене поради мојата голема желба“ – открива за CRNOBELO.com невестата од „Галичка свадба“, Елена Дуровска. Кои биле нејзините омилени делови од свадбата?

nevestata-od-galichka-svadba-za-crnobelo-com-nosijata-beshe-teshka-no-gorda-sum-shto-ja-neguvame-tradicijata-01.jpg

Викендов во Галичник се одржа 48-мото издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. Во рамки на манифестацијата судбоносното „Да“ според галичките обичаи и традиција годинава го кажаа Илчо Димитров и Елена Дуровска.

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-02.jpg

Зетот Илчо Димитров годинава ја имаше таа чест да ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски, во чија чест на 15-ти беше организиран и јубилеен концерт, по повод 100 години од неговото раѓање и 20 години од смртта.

Претходно во изјава Илчо потврди дека тој потекнува од Галичник, а последниве 10 години редовно облекува носија на манифестацијата и е активен учесник. Неговата сопруга Елена Дуровска потекнува од Западна Македонија, од селото Битуше и рече дека се чувствува привилегирано што е дел од оваа манифестација.

Иако за многумина, свадбената церемонија што трае два дена, односно започна на 16-ти јули во саботата, а заврши во неделата (17.07) изгледа премногу долго Елена во изјава за CRNOBELO.com откри дека овој миг на годинешните младенци им поминал за миг.

„Почувствувавме позитивни емоции на среќа, радост и возбуда. Овој долгоочкуван момент за нас ни помина за миг“ – вели таа.

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-03.jpg

Автентичната носија што невестите ја носеле во Галичник е уникатна и препознатлива во светски рамки. Сепак, повеќеслојната носија на топлото време не претставувала проблем за Елена:

„Носијата беше тешка, но тоа не претставуваше никаков проблем за мене поради мојата голема желба.“

Што се однесува до омилените делови од свадбата, она што на Елена најмногу ѝ оставило впечаток од денот на свадбата е доаѓањето на коњаниците и поворката на сватовите и гледањето низ прстен на момчето.

„Сакам да им порачам на младите да ја негуваат нашата македонска традиција пренесена од нашите претци“ – порачува таа.

Погледнете уште неколку фотографии од манифестацијата во продолжение:

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-04.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-05.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-06.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-07.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-08.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-09.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-10.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-11.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-12.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-13.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-14.jpg

elena-durovska-otkako-stapi-vo-brak-vo-ramki-na-galichka-svadba-celata-ceremonija-ni-pomina-za-mig-foto-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

фото: Фејсбук Стево Пендаровски

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg