Туна Сејдиу го прослави 36-иот роденден во Скопје со тематска забава во духот на 80-тите
- Детали
- сабота, 16 јули 2022
Туна Сејдиу го врати мирисот на минатото со торта и декорации во форма на касета, а најспецифичен стајлинг на нејзината тематска забава во локал во Старата скопска чаршија имаше нејзиниот пријател - стилистот Даниел Николовски.
Туна Сејдиу организираше забава по повод нејзиниот 36-ти роденден на која темата беше „вратете ги 80-тите“. Со стајлинзи од тој период гостите се забавуваа во одличната атмосфера.
Помеѓу нејзините пријатели беа пејачката Аделина Тахири, модниот фотограф Мартин Трајановски, како и стилистот Даниел Николовски кој се појави со специфичен крој на одело, чии панталони долу беа широки, во стилот на 80-тите.
Главен фокус беа некогашните касети, а дури и тортата беше во овој стил.
Пејачката во еден миг се фати и за микрофонот.
Таа во описот на роденденските фотографии на нејзиниот профил се пошегува : „Роденденска кралица, млада и слатка и само 16-годишна“.
Роденденската забава на Туна:
Фотографии од забавата сподели и модниот фотограф Мартин Трајановски:
С. С. | Црнобело