Безвременска убавица: Ирена Спировска со фит и младешки изглед во бикини покрај Охридското Езеро
- Детали
- четврток, 14 јули 2022
Со извајани стомачни мускули и црн модел на бикини, водителката Ирена Спировска ужива во кајакарење на Охридското Езеро. Изгледа неколку децении помладо и дефинитивно е една од најфит и најнегуваните жени од нашите ТВ екрани.
Ирена Спировска и во петтата деценија од животот изгледа неверојатно во природно издание на плажа покрај Охридското Езеро.
Нашата шармантна водителка периодов ужива таму, а особено ја освои убавината на населбата Елен Камен, која се наоѓа на патот кон Радожда, и е една од скриените убавини на Струга.
Во црно бикини Ирена изгледа фит и неодоливо.
Планинарењето, велосипедизмот и општо љубовта кон престојот во природа прават таа да изгледа неколку децении помладо.
Дури и на одмор Ирена не мирува, па ужива во веслање со кајак.
Повеќе фотографии од Ирена Спировска:
С. С. | Црнобело