Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


АИЕСЕК - поинакво искуство

aiesec-edno-poinakvo-iskustvo-povekjeАИЕСЕК како најголема светска студентска организација која постои со цел размена на студенти, е вистинска можност да во Вашиот живот запишете...


...една неверојатна приказна која ќе ве смени Вас и Вашиот поглед за светот.

Опкружени со секојдневието и безличните активности, за жал, најголем број од овдешните студенти не се обидуваат да си помогнат себе си барајќи интересни можности за надградба. Но, токму тоа им успева членовите на АИЕСЕК Македонија кои решително и амбициозно прават нов чекор во нивниот живот и заминуваат на пракса сите земји на Европа и пошироко.

На кратко – искуството на Блаже Аризанов од Прилеп:

“Моето членство во меѓународната студентска организација АИЕСЕК започна уште на самиот почеток на моите додипломски студии во 2006 година и со мали прекини останав во АИЕСЕК до крајот на додипломските студии во 2010 година, кога станав алумни на АИЕСЕК Локален Комитет Прилеп, при Економски Факултет- Прилеп. Развојот на АИЕСЕК Прилеп беше воедно персонален и професионален развој на неговите членови со кои имав привилегија да се вмрежам, соработувам, развивам и да се забавувам како никогаш претходно. Пречките беа на нашиот пат како и стремежот да го одржиме и развиеме АИЕСЕК на едно повисоко ниво и да им го дадеме на следните генерации она што го имавме ние. Но нели смислата на животот е да се надминуваат пречките без притоа да се изгубиме себеси? Тоа е една од клучните способноти кои можат од медиокритет да Ве направат личност која делува “Out of the box” во секое поле од животот.

aiesec-edno-poinakvo-iskustvo-1

Правото на остварување на практична работа во странска компанија или невладина организација го стекнав после третата година од студиите со положени 2/3 од предвидените испити. Поминав одредено време трагајќи по соодветен аранжман на Европскиот континент, и наскоро сфатив дека воопшто не е лесно да се најде вистинската компанија која одговара на моите очекувања и експертиза. Во тоа време сфатив една многу битна работа. Повеќето европски земји и компании не се подготвени да примат студенти од Македонија и околните Балкански земји од причина што сметаат дека глобализацијата како процес недоволно е застапена кај нас, дека сме затворено општество, недоволно силно за да поткрепи било каква и да е идеја, и дека последователно на тоа не ги споделуваме во доволен обем Европските вредности и интелектуална подготвеност. Револвиран поради тоа и со намера на долг рок да им докажам  на Европските “ентузијасти” дека и ние знаеме да размислуваме големо, ја проширив географската област за прифатлив практикантски аранжман и од пред 3 недели добив одлична можност за практикантска работа во реномираната софтверска компанија во Делхи, Индија, на проект за лансирање на нов софтверски производ на пазарот. Велам одлична бидејќи овде наидов на вистинска професионална работна атмосфера каде што англискиот е јазик за деловна кореспонденција, практична обука во се што досега учев како теорија во книгите по маркетинг (од телемаркетинг техники, па се до реализација на состаноци со бизнис клиенти и техники за истражување на пазарот) и харизматични директори кои уште одамна ги владеат и ги реализираат во својата фирма менаџерските принципи од Американската школа за менаџмент.

aiesec-edno-poinakvo-iskustvo-2

Интелектуалното искуство е само еден сегмент од целокупното искуство кое овде го добивам со секој поминат ден. Овде вреди да се спомене и културното искуство. Иако Делхи е пренаселен, во голема мера сиромашен град со луѓе кои спијат покрај патишта, тоа не ги спречува овдешните луѓе да живеат во склад со религиозните норми и во мир се се што ги опкружува. Иако густината на собраќајот е огромна, тензија и нервоза речиси и не постои, а сообраќајните инциденти се вистинска реткост. Замислете како би било тоа кај нас. Она што е фасцинантно е големото обожување што го имаат локалните жители спрема странците, посебно спрема Европјаните и Американците. Едноставно морате да се навикнете на “Hello” поздравите од непознати луѓе и коментарите дека изгледате како филмска ѕвезда... Кому не би му годело тоа??  Мене секако ми годи...” – задоволно пишува Блаже Аризанов кој одма после студенските денови замина на ова интересно доживување.

Oва е само една од успешните приказни кои ги поминале членовите на АИЕСЕК. Тие сакаат да напредуваат, да се развиваат и да успеат. Се надеваме дека оваа успешна приказна Ве натера да размислите за Вашата иднина и да ги проширите вашите погледи или како што Блаже советува- “Think out of the box”

За повеќе информации како да станете член на АИЕСЕК:

http://aiesec.org.mk/

Би можело да ве интересира:

Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Верувања за празникот света Петка: се носат 5 лепчиња во црква, доаѓа во сон за да донесе утеха Доаѓа на сон за да ве утеши или за да ве предупреди. Денот треба да го поминете ...
Иван Јованов за CRNOBELO.com: „Присуствував на раѓањето на ќерката, Ивана беше многу храбра“ „Чувството кога првпат ја зедов во раце, искрено, тешко е да се опише. Како...
Штипската четворка порасна - Слатка новогодишна честитка од Ведран, Михаил, Леонтина и Теодор Преслатки, дотерани во празнични блузички со еленчиња, Леонтина и нејзините три ...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Миа Костова за синот: „Имаше краток период на гоење, никогаш не сум му давала благо само затоа што е... „Битно е децата да ги насочите кон вистинска исхрана и што е здраво, а што не, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg