Сара Мејс направи семејна фотосесија во 9-иот месец од бременоста – малата Илина ѝ го бакнува трудничкиот стомак
- Детали
- среда, 06 јули 2022
Во деветтиот месец од бременоста, додека го очекува најновиот член на семејството, пејачката и харфистка Сара Мејс направи совршена семејна фотосесија покрај сопругот и ќеркичката.
Македонската пејачка Сара Мејс по примерот на голем број познати светски ѕвезди направи претпородилна фотосесија во деветтиот месец од бременоста.
На првите три фотофрафии пејачката е сама во црн фустан со врвки од страните во кој го истакнува нејзиниот труднички стомак, а аутфитот го комбинираше со црни сандали со високи потпетици и волуменозни обетки.
Таа на Инстаграм објави уште два серијали семејни фотографии на кои е во портокалов фустан што повторно го истакнува нејзиниот труднички стомак, а заедно со неа се сопругот Димитар Атанасовски и ќерката Илина.
Инаку, пејачката во февруари годинава објави видео на Инстаграм во кое откри дека очекуваат машко бебе.
Погледнете ги фотографиите кои Сара ги објави на Инстаграм:
Б. С. Б. | Црнобело
фото: photofactory.mk