Драстична трансформација на јутјуберот Стефан Лазаров: „135 денови бев како војник – си го сменив животот“

„И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив...“, раскажува јутјуберот Стефан Лазаров за 4 ипол месечниот процес на трансформација.

drastichna-transformacija-na-jutjuberot-stefan-lazarov-135-dena-bev-kako-vojnik-si-go-smeniv-zhivotot-01.jpg

Јутјуберот Стефан Лазаров со своите 48.000 следбеници на Инстаграм ја сподели приказната за својата драстична телесна трансофрмација.

Процесот го започнал пред 4 ипол месеци и сега е презадоволен од резултатот, како и својата посветеност и истрајност која го донела до фит и затегнато мускулесно тело.

Неговата приказна:

„Седам, размислувам што да пишам, а што би пишале вие на слика на која се гледа цела мака, убавина, промена и задоволство.. Лево го гледате дечкото кој постојано наоѓаше изговори.

Многу работа, јутуб, немам време, ај да пивнеме, ај од утре... а десно? Десно ја гледате најдобрата верзија од мене.

drastichna-transformacija-na-jutjuberot-stefan-lazarov-135-dena-bev-kako-vojnik-si-go-smeniv-zhivotot-03.jpg

И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив. Продуктивноста, среќата, борбеноста, одговорноста, тие се сега моите најдобри пријатели.

Сакам јавно да му кажам фала на мојот брат Паки кој ми го промени животот. Направи да се запознаам со шампионот во мене.

И покрај сите приоритети и обврски, 135 дена бев како војник. Не промашив ниту еден ден, ниту еден саат, минута, секунда...

drastichna-transformacija-na-jutjuberot-stefan-lazarov-135-dena-bev-kako-vojnik-si-go-smeniv-zhivotot-05.jpg

А сега е време за нови цели, нови визии, нови предизвици. Фала на сите што верувавте во мене и ме поддржувавте.

Јас си го сменив животот, сега на ред е некој од вас!“

drastichna-transformacija-na-jutjuberot-stefan-lazarov-135-dena-bev-kako-vojnik-si-go-smeniv-zhivotot-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...
Како нè воспитуваа родителите на Балканот – Хумористичните видеа на Стефан Николовски ќе ве вратат в... „Не ми плачи, не ти се дерам, со убаво ти кажувам да разбереш!“ - ви звучи позна...
Кристина Димитри за новиот дечко: „Се запознавме во Белград, секое утро ме буди со кафе и појадок“ „Се запознавме во Белград. Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубав...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg