Македонка е уникатна и кул невеста со кратка венчаница и специфична фризура
- Детали
- петок, 24 јуни 2022
„Уште во првиот фустан што го пробав, се чувствував своја и веднаш донесов одлука да биде тој. Сакав краток фустан за да се чувствувам пријатно и да бидам тоа што сум...“, раскажува Леа Ивановиќ (30) за CRNOBELO.com, која на својата свадба во еден миг облече и бели чизми. На нејзиниот голем ден вели дека единствена мана биле само лошите временски услови.
Леа Ивановиќ (30) и Иван Костовски (30), кои по потекло се од Тетово, но живеат во Скопје, по 11 години врска, ја крунисаа својата љубов со брак на 10-ти јуни годинава.
Свадбата се одржа во прекрасен ресторан во близина на Скопје. Првенствено било планирано да биде на отворено, но поради лошите временски услови Леа и Иван морале да направат промена во планот.
Иако на почетокот разочарани, Леа и Иван велат дека сепак ништо не успеало да им го уништи расположението на нивниот голем ден.
За уникатната фризура на Леа се погрижил стилистот Октај Сејди, за уникатната венчаница модното студио од Белград „Ines atalier“, а шминката е дело на „Beauty studio Mia Arabi“.
За изборот на венчаница Леа за CRNOBELO.com вели:
„Уште првиот пат штом ги видов дизајните на Инес знаев дека фустанот ќе биде од кај неа, и тој беше точно првиот фустан што го пробав, се чувствував своја во него.