Сара Мејс во осмиот месец од бременоста влезе во базен со ајкули, заштитена во кафез (видео)
- Детали
- понеделник, 30 мај 2022
„Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче“, раскажува Сара Мејс за своето адреналинско искуство во Турција. Со голем труднички стомак и селфи стик со себе, таа се впушти во авантура...
Сара Мејс ужива во бременоста, а периодов е на одмор во Турција со сопругот Димитар Атанасовски и ќеркичката.
Таа е зависничка од адреналин, а доказ за тоа е последното видео што го објави на својот Инстаграм профил.
Сара во осмиот месец од бременоста го прифати предизвикот да влезе во базен со ајкули, заштитена во кафез.
Таа дури зема школка, која послужи за ланче за нејзината ќерка Илина.
За ова искуство таа напиша:
„Неверојатно искуство и доживување….
Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот од школката ти го ставаат во приврзок и на ланче...
Јас моето го подарив на Илина, а Димитар своето ми го подари мене….
Дали дека сум трудна, па сум емотивна или некако пресимболично ми е…
Најубавото ланче на светот
(Читај најубавиот спомен)“
С. С. | Црнобело