„Будење“ – нов уметнички мурал го краси центарот на Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 28 мај 2022
Улицата која секоја пролет е препознатлива по расцветаните јапонски цреши и е едно од најубавите катчиња во Скопје доби ново обележје. Во центарот на главниот град осамна нов мурал, насловен „Будење“, којшто е дело на македонската уметница Нина Симовска.
Муралот е изработен на фасадата на зградата што се наоѓа на аголот од крстосницата помеѓу улиците „Максим Горки“ и „Даме Груев“, во строгиот центар на градот и зафаќа површина од 86 метри квадратни.
Нарачател на муралот е dm drogerie markt Makedonija, a во изведбата учествуваше и познатиот македонски графити уметник Драган Китановски - Драш.
Улицата што секоја пролет е препознатлива по расцветаните јапонски цреши и е едно од најубавите катчиња во Скопје доби ново обележје.
Нина на својот Фејсбук профил објави повеќе фотографии на Фејсбук од изработката на муралот, но и од конечната верзија.
Нина Симовска има завршено археологија на катедрата на Историја на уметност. Досега остварила повеќе самостојни изложби и учествувала на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа.
Прочитајте и Расцветаните јапонски цреши на Максим Горки се најубавото катче во Скопје и годинава (фото)
Погледнете повеќе фотографии од изработката на муралот:
Б. С. Б. | Црнобело