Вирален статус на Македонка: „Во Скопје сите нови станови гледаат во друг бетонски ѕид, а зеленило е мисловна именка“

„Скоро сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка, а кога отвораш врата од стан се удираш во паркирана кола. Повеќето скопски станови се како затвори, без никаков поглед на хоризонт...“, го искажува својот револт од потрагата по стан во нашиот главен град, нашата ликовна уметница Инес Ефремова. Се согласувате ли?

viralen-status-na-makedonka-vo-skopje-site-novi-stanovi-gledaat-vo-drug-betonski-dzid-a-zelenilo-e-mislovna-imenka-01.jpgфото: Фејсбук

Ликовната уметница Инес Ефремова на својот Фејсбук профил искрено го искажа својот револт во потрагата по стан во Скопје.

Таа вели дека купувањето на стан кој не гледа во друг бетонски ѕид, за жал, е речиси невозможна мисија, а акцент става и на вртоглаво високите цени.

Многумина инстантно се пронајдоа во нејзините зборови и статусот веднаш започна вирално да се шири.

Колку ова е реалноста во која живееме?

Статусот на Инес Ефремова:

„Во потрага по нов стан, сериозно почнувам да размислувам за живеење скроз надвор од Скопје, дури и во друг град.

И не само поради цените кои стануваат „ма немој да ме је*еш“, туку повеќе поради тоа што скоро сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка, а кога отвораш врата од стан се удираш во паркирана кола. Повеќето скопски станови се како затвори, без никаков поглед на хоризонт.

Верувам дека многу наскоро, особено за луѓето кои долго време живеат во урбана средина, стан во град ќе стане најлошата опција. И истата ќе може да биде примамлива само за луѓе од провинција кои уште не знаат каков затвор преплаќаат.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ... „Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg