Бајковити свадбени фотографии на Жарко Димоски - невестата во венчаница со шлиц, тој во специфично одело
- Детали
- четврток, 26 мај 2022
По медениот месец на Малдиви, парот објави професионални фотографии од нивната бајковита свадбена прослава, на која и Александар Тарабунов се фати за микрофонот, а забавата продолжи до раните утрински часови со диџеј.
Актерот и водител Жарко Димоски пред извесен период направи прекрасна свадба со својата сакана Андреа. Парот славеше до раните утрински часови со најблиските, а старосват на Жарко му беше неговиот колега, актерот Едмонд Сотир.
Да се потсетиме дека Жарко и Андреа на 10.08.2020 објавија фотографии и видеа од Ровињ со кои открија дека нивното „засекогаш“ почнува во тој миг, но очигледно за свадбената церемонија чекаа да се смири ситуацијата со пандемијата за да можат да прослават во поголем круг.
По медениот месец на Малдиви, парот објави професионални фотографии од свадбената церемонија.
На нивниот голем ден невестата е во венчаница со шлиц, а Жарко во специфично одело.
Уникатни и свои, тие славеа во кругот на саканите, меѓу кои беа Александар Тарабунов, Атанас Атанасовски, Александар Михајловски и низа други јавни личности.
Потоа забавата продолжи со диџеј.
https://www.instagram.com/p/Cd_Szg4Lp1H/