Браво! Германска улична музичарка ја пее „Море сокол пие“ за Македонка што живее таму (видео)
- Детали
- понеделник, 09 мај 2022
Мануела од Скопје, на која прекрасното сончево германско гратче Фрајбург на Брајсгау ѝ е дом веќе неколку години, споделува прекрасна ситуација оттаму... По нејзина нарачка, германска улична музичарка ѝ ја отпеала нашата легендарна „Море сокол пие“.
Мануела Боневска од Скопје веќе неколку години живее и работи во Фрајбург, Германија, а сега на својот Фејсбук профил се пофали со прекрасна случка оттаму.
Таа откри дека по нарачка, германска улична музичарка ѝ ја отпеала „Море сокол пие“ среде Фрајбург.
Прекрасно, зарем не? Кога локалците прават да се чувствувате како дома...
Инаку Фрајбург на Брајсгау е град во југозападна Германија, низ кој се протега реката Драјзам, во подножјето на Шлосберг. Тој е еден од најпознатите стари германски универзитетски градови и го краси прекрасна средновековна катедрала.
Познат е и по високиот стандард за живеење и напредните еколошки практики. Градот се наоѓа во срцето на прекрасен винарски регион и служи како главна туристичка влезна точка на убавината на Шварцвалд. Според метеоролошките податоци, градот е најсончевиот и најтоплиот во Германија.
Прекрасната случка од ова германско гратче:
https://www.facebook.com/manuela.bonevska/videos/685959526000660
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело