„Нема таков Драгане велам и сега“ - Снеже Велков со емотивен статус за Драган Вучиќ, ден по годишнината од неговата смрт

„Само тој ја имаше моќта да биде Голем покрај Големите имиња од јавниот живот и мал и обичен покрај обичниот народ на кој им приредуваше еден куп забавни емисии. А знаете ли дека „Вашите 5 минути“ е првата емисија за пронаоѓање на млади пејачки таленти, пред сите Гранд ѕвезди, Идоли и Пинкови ѕвездички?“, го започнува Снеже Велков емотивниот статус за нашиот легендарен музичар, водител и композитор.

nema-takov-dragane-velam-i-sega-snezhe-velkov-so-emotiven-status-za-dragan-vuchikj-den-po-godishninata-od-negovata-smrt-01.jpg

Вчера (04.05) беше годишнина од смртта на нашиот легендарен музичар, водител и композитор Драган Вучиќ.

Еден ден по годишнината од смртта се огласи Снеже Велков со емотивен статус кој говори за големината на Вучиќ и проектите што ги остави зад себе.

Статусот на Снеже Велков:

„Само тој ја имаше моќта да биде Голем покрај Големите имиња од јавниот живот и мал и обичен покрај обичниот народ на кој им приредуваше еден куп забавни емисии.

А знаете ли дека „Вашите 5 минути“ е првата емисија за пронаоѓање на млади пејачки таленти, пред сите Гранд ѕвезди, Идоли и Пинкови ѕвездички?

И само тој со еден повик знаеше да договори гостување во емисија на која било Ех Ју ѕвезда и со ист таков ентузијазам да праша Имаме пакет сокови Сано или повеќе сакате брашно?

Само тој имаше „ководител“ бело зајче

Со таква леснотија ги правеше емисиите, без мозгање без паметување и надмудрување без измислување „топла вода“.

Ако народот го сака „Величествениот“ одиш и снимаш интервју со него, ако народот го сака Полат го правиш истото и таков отмен стегнат во црн костум чиниш си актер од серијатата „Долина на волците“ застануавш и се сликаш за насловна со тој истиот Полат.

Што тука не е јасно?!

Од неговиот ум можеше да произлезе безвременска мелодија како „Свирете ја зајди зајди" и мудро да понуди помош на гледач кога на прашањето како се вика братот на сопругата место шура гледачот упорно да го кажува името

Еднаш одамна кога му правев интервју го прашав: Зошто кога толку го критикуваат не најде на пример некој друг да му ги води емисиите, а тој да биде зад камерата?

Ми рече вака: Ако најдеш еден барем еден на нашава сцена кој се знае со толкав број јавни ликови од Балканов, и кој со еден повик ќе ги викне во емисија, и при тоа да им поставува издржани прашања… Ако најдеш некој кој знае како да го усреќи народов со такви ситни награди кои на некого му се многу битни, и кој и после толку време на екран сè уште сакаат да го гледаат кажи ми и. Спремен сум да се повлечам…

Нема таков му реков тогаш.
Нема таков Драгане велам и сега. Нема ни да има.

Оти знаеш што? Само ти успеа со микрофон со ознаките на Сител да се појавиш на Канал 5. И ич да не ти чуе

И секогаш ама секогаш добиваше премиерен термин во која телевизија и да отидеш.

И најбитно кога и да се спомене твоето име кај сите луѓе предизвикува насмевка. Оти таков и беше а така и заслужуваш да те паметиме по измамување насмевка кај луѓето.

Си замина на вчерашен датум, ама денес пишувам зошто вреди да се памети само твоето постоење…

Слава ти Драг Драган Вучиќ!“

Само тој ја имаше моќта да биде Голем покрај Големите имиња од јавниот живот и мал и обичен покрај обичниот народ на кој...

Posted by Velkov Sneze on Thursday, May 5, 2022

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg