Инспиративен Инстаграм профил на 3 дечиња од Македонија, чија мајка се борела со неплодност и ендометриоза (фото)
- Детали
- среда, 27 април 2022
Мајката на дечињата, Лолита, отворено говори за здравствените проблеми со кои се соочувала и тоа неплодност, ендометриоза, лежечка бременост и предвремено породување. Но, нејзините близначиња се доказ дека чудата се возможни.
Слаткиот и инспиративен профил @twinsbeansmk на три дечиња од Македонија од кои две близначиња, е вистинско освежување на Инстаграм.
Не само поради убавите фотографии, туку и поради тоа што мајката на дечињата, Лолита, отворено говори за здравствените проблеми со кои се соочувала.
Токму затоа неговата содржина има поголема тежина и профилот, односно мајката која стои зад профилот, говори како имала проблеми со неплодност, ендометриоза, лежечка бременост и предвремено породување.
Таа отворено говори во врска со сите овие сериозни теми кои сè уште кај нас се табу теми, и секојдневно е инспирација на многу жени.
Профил во кој можете да се пронајдете во некој сегмент или само да уживате во секојдневието на овие слатки бебенца Хана и Зои и тука е и поголемата дада, Лана, која плени со својата харизма.
Лолита е мајката која ги сруши сите бариери и без разлика на предвидувањето на докторите дека нема шанси да остане бремена, таа сепак на природен начин доби близначиња.
Нејзините зрнца како што ги нарекува, се нејзино чудо и надеж за сите кои навистина веруваат во себе и само во себе!
Хана и Зои имаат 7 и пол месеци, а Лана три и пол години и сите искуства и препораки што се даваат на профилот се од лично искуство и веќе започнаа со едукација каде одржуваат интервјуа со доктори, педијатри и специјалисти.
Едукација во поглед на исхраната (доење и дохрана), едукација за предвремено породување, едукација во врска со производи за новороденчиња итн.
Дел од фотографиите од трите дечиња: