Совршена фотосесија на македонска инфлуенсерка бремена со близнаци: „Понекогаш чудата доаѓаат во пар“
- Детали
- четврток, 21 април 2022
Христина Пан, облечена во бел фустан, направи совршена трудничка фотосесија со сопругот, но откри дека на Петар му е омилена една шеговита фотографија од фотосесијата.
фото: Наташа Емил
Христина Пан е македонска модна инфлуенсерка со повеќе од 20.000 следбеници на Инстаграм.
Пред извесен период таа заедно со сопругот Петар на забавен начин го откри полот на близначињата кои ги очекуваат и напиша: „Се молевме за едно, а благословени сме со две“.
Со розови балони открија дека станува збор за две девојчиња.
Сега, облечена во бел фустан, Христина направи совршена трудничка фотосесија со саканиот.
Со зајчиња во розово повторно нагласија дека очекуваат девојчиња, a во описот напиша: „Понекогаш чудата доаѓаат во пар“.
Меѓу романтичните фотографии има и една шеговита каде Петар го држи стомакот на Христина и таа откри дека токму тој кадар му е омилениот на нејзиниот сопруг.
Фотографиите од трудничката фотосесија:
С. С. | Црнобело / фото: Наташа Емил