Mиа Костова: „Со години се справувам со анксиозноста и паничните напади, но депресијата ме погоди најсилно“

Не очекувајте дека ќе бидете нов човек, без разлика дали тоа е со терапија или без, туку едноставно наоѓате начин како да живеете во таа состојба и да функционирате.

Милион луѓе функционираат со анксиозноста.

Но, за депресијата се зборува многу малку, затоа што тогаш не ви се зборува со никој, дури не ни кревате телефон. Јас го правев тоа на максимум двајца, само со мајка ми и една најдобра другарка можеби.

Депресијата не ти дава да чувствуваш ниту задоволство, пример за да седнеш со пријатели, го правам тоа поради тоа што така треба и не одам со чувство на радост.

Ништо не ме прави среќна, рамна линија, комплетна рамнодушност. Нема нешто што те радува, ниту има нешто што може да те растажи и тоа е најлошо чувство. Подобро е да се расплачеш, отколку да не чувствуваш ништо.

Кон средината на февруари решив дека ќе станам од кревет со цела мака и ќе направам сè што е во моја моќ да станам од кревет. Решив дури да не одбивам и антидепресиви, но дека ќе ги земам кога ќе бидам сигурна дека ќе дадам буквално сè од себе.

Сега сум 30/40% подобра. Имав многу нарушен сон, знаев да минам 48 часа без сон, ништо не ми помагаше, ниту работи на природна база не ми помагаа. Знаев да спијам по час и половина и да не презаспијам и денот да го минам анксиозна и депресивна.

По многу психотерапии сум многу подобра. Спијам сега по 5-6 часа навечер што за мене е бајка.

Депресијата ми донесе 10 килограми и несоница, а има луѓе во депресија кои слабеат и спијат по 15 часа. Сите сме различни.

Најважно е да се знаете себеси и да си помогнете себе. Самите нема да го решите никогаш, зборувајте отворено.

Ова видео е една порака до сите оние кои мислат дека само нив им се случува ова, дека е срамота да имаш анксиозност и депресија и мислам дека кревањето на јавната свест да се посети психолог и психијатар е клучно.

Од депресија и анксиозност не страда само човекот што ја живее, туку и целото семејство.“

Морам да ви кажам дека по препорака на психолог, првите две-три недели имав распоред што треба да направам и кај теба да одам. Се запишав на јога и ми годи. Мене пример качување на Водно ме вознемирува, секој го релаксира различно нешто.

Најмногу ме нервира кога ќе ми кажат имаш дете, заработуваш, 90 дена беше на море, како можеш да бидеш депресивна? Не е така.

Замислете само колку светски ѕвезди се самоубиле во врвот на славата. Сметам дека ова видео по видеото на Дарко Влогс ќе ви дојде многу добро и ќе ви помогне ако се справувате со ова. Се надевам помогнав барем малку на некои од вас коишто ќе го изгледате видеото.

Погледнете го видеото:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и... „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg