Носталгија по едно минато време: Да се потсетиме на првиот „Буквар“ со кој научивме да читаме (фото)
- Детали
- петок, 11 март 2022
Со дрвено показалче во рачињата, буква по буква, се учевме да читаме од него. Шарена книга полна со убави слики, песнички и текстови со чијашто помош ги учевме буквите.
Секое прваче кога тргнуваше во училиште требаше во својата чанта да има „Буквар“ и дрвено показалче, тетратка за почетно пишување букви и молив. Тоа беа првите училишни материјали и учебници со кои го започнувавме образованието.
Дрвеното показалче беше една права прачка изострена како моливче со која покажувавме на секоја буква, а во тетратката за почетно пишување ги пишувавме првите букви: печатни и ракописни.
„Прваче“, „Цицибари“, „Последниот лист“, „Другари“… Ги помните ли сè уште песничките и текстовите што сте ги учеле во прво одделение?
На Фејсбук страната Ретро ризница се објавени неколку фотографии од Букварот за одделно изучување на печатните и ракописните букви во издание на „Просветно дело“, подготвен од д-р Ѓорѓи Делчев.
Погледнете ги фотографиите во продолжение и потсетете се на некои од текстовите што ги учевме во прво одделение и со чијашто помош научивме да читаме:
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Фото: Фејсбук - Ретро ризница
Б. С. Б. | Црнобело