Идна докторка од Штип е една од најубавите трудници во Македонија (фото)
- Детали
- петок, 11 март 2022
Убавата млада штипјанка изгледа фит и во бременоста и едвај ја чека приновата. Бринетата со бадемасти очи ужива во 33-тата недела од бременоста.
Стефанија Алексов (21) од Штип е студент на Факултетот за медицински науки УГД - општа медицина. Таа е во 33-тата недела од бременоста и слободно можеме да кажеме дека е една од најубавите трудници во Македонија.
Таа со сопругот го очекува првото детенце наскоро, а на тема бременоста и нејзиниот изглед открива за CRNOBELO.com:
„Досега можам да кажам дека навистина уживам во мојата бременост. Навистина не е лесно да се биде студент, а воедно и млада трудница, сепак анксиозноста која што ја носи факултетот ја сведувам на минимум.
Го очекувам моето прво дете, кое што неодамна откривме дека е момче.
За тоа како изгледам во мојата бременост можам да кажам дека ништо не е повеќе заслужно од генетиката, но секако и соодветна и правилна исхрана.
Воедно кога една трудница зрачи од среќа тоа се забележува оддалеку, кај мене најзаслужни и најголема поддршка која што во овој период ми беа и се моите родители, како и мојот сопруг.
Едвај чекаме да го запознаеме нашето момче.“
Фотографии од убавата трудница:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Фото: приватна архива споделена за CRNOBELO.com