Дарко Влогс ужива на одмор на Флорида со сопругата: „Дефинитивно подобро од Чикаго“ (фото)
- Детали
- среда, 09 март 2022
Малата пауза од турите со камион, Дарко Влогс со сопругата Даниела ја искористи за посета и одмор на Флорида и се потсети на своето прво стапнување на овој континтент. Парот уживаше во зајдисонцето на рајските плажи, позирањето во музејот за восочни фигури со Доналд Трамп и Вин Дизел и што уште не.
Дарко Влогс, камионџија и инфлуенсер, живее и работи во Чикаго, САД, но периодов тој со својата сопруга Даниела одлучи да се релаксира со одмор на Флорида.
Парот со себе ја понесе и својата мачка, а Дарко прокоментира дека Флорида е дефинитивно подобро место отколку Чикаго.
Парот прво го посети Орландо, еден од поголемите градови во средишниот дел на Флорида.
Дарко Влогс за оваа дестинација вели:
„Орландо е всушност првото мое стапнување на овој континтент. 2013та, после месец дена работа на брод во Трст, Италија, бев на список за трансфер на друг брод, Carnival Sensation, кој трга од Cape Canaveral, саат време одалечен од Орландо.
Вчера ми се вратија добри спомени од тогаш, кога бев како мува без глава, изгубен во овие високи градби, широки улици, палми, од играње GTA сега реалност, само што сега го почитувам семафорот.
Ми текнува тогаш секојдневно го слушав албумот на Еминем „The Marshall Mathers LP 2“. ЕЖЕЊЕ секогаш имам кога ќе ја слушнам песната Survival и Legacy, сликата од мене во автобус како возам кон нешто ново непознато, кое треба да го научам и совладам за да успеам. Тоа чувство, тој албум секогаш си го преслушувам пред нови предизвици.
Орландо ќе ми остане во сеќавање на тие мачни, но убави моменти. Моменти на радост, тага, возбуда и разочарување, пример ми текна првпат кога го купив BudLight, пивото што го гледав по реклами, кога пробав, вода. Пуууу ама сум се напнуел тогаш... и така. Се враќаме на пат со бебо, диспач барај тура, еве ме истовараат...“
https://www.instagram.com/p/CazwhdqLlx3/
С. С. | Црнобело