Борче Стаменов за операцијата од тумор на мозокот пред 19 години: „Ме спаси цел тим доктори кои повеќе од 8 часа ми 'копаа' по главата“
... Стоев пред станот и тогаш ме рокна. Едвај отклучив и влегов. Рикав како мало дете. Може сум плачел два саата, не знам. Лежев на подот во мојата соба. Беше некаде 12 саат коа си дојдов.
После тоа станав. Се прибрав. Тоа плачењето се исплати да ви кажам. Позитивниот јас успеа да се пробие.
Се јавив прво на девојка ми. Зборував како да имам блага настинка. Се смирив. Се помирив со тоа шо ми се случува. Мама ја седнав и ѝ кажав без паника. Ништо лошо нема да се случи. На крај се ќе се заврши добро. Знаев дека сака да вришти ама ме виде дека сум охрабрен и смирен.
... Операција? Океј. Се свртев. Позади мене стеоеше фамилија со ужас во очите. Исплашени до смрт.
Шо чекате бе? Одиме на операција. – им викнав насмеан.
... Мојата операција беше закажана за третиот ден, во третиот месец од годината 2003.
... И толку. Останатото е историја. Боре жив. Уште насмеан. Еве и денес толку години по операцијата шо викаше една пријателка, Боре е истиот тој човек кој покрај на своето лице, насмевки црта и на лицата на многумина кои може и не го познаваат. Едноставно го познаваат преку социјалните мрежи.
Мене ме спаси мојот дух. Ме спаси мојата фамилија шо не мрдна од покрај мојот кревет цели 2-3 месеци. Ме спасија моите пријатели кои не ме оставија сам ниту еден момент. Ме спасија способните доктори и цел еден тим човечишта шо повеќе од осум саата ми „копаа“ по главата.
... Чудна работа се случи на последниот ден во болницата. Чекав да ми ја дадат отпусната листа и резултатите од биопсијата. И дочекав. Дочекавме сите. Она најтешкото “Уф” кажано од олеснување се случи кога докорот кажа дека сè е во ред.
Туморот комплетно исчистен без можност да се врати. Си го земав ранецот и резултатите во рака и се втурнав кон скалите. И покрај тоа шо не бев у состојба уште да се движам нормално забрзано одев. Можеби и трчав? Одев како луд наоколу и ја барав вратата. И ја најдов.
Земав воздух длабоко и паднав на колена. Ми се пресекоа нозете. Плачев како мало дете. Плачев од среќа. Или се смеев? Појма неам. Луѓето кои поминуваа се чудеа што ми се случило. Плачев до Катланово. Или до Велес. Не знам. Никој не ми викаше да прекинам. Ќутеа, а знам дека внатре во себе вриштеа од среќа. Им беше сосема јасно. Човекот од кој се смееше цела болница рикаше како да го преживува истиот хорор по втор пат.
Но хоророт веќе беше далеку позади мене. Го оставив на трети спрат у соба број 4. Веројатно засекогаш!
Целиот текст прочитајте го ТУКА!
С. С. | Црнобело