Романтично запросување на девојка од Штип во Дубаи - светскиот вицешампион во карате Емил Павлов ја изненади саканата
- Детали
- четврток, 24 февруари 2022
„Со самото тоа што се одлучивме да го посетиме Дубаи Емил ми исполни еден од моите најголеми сонови, а со изненадувањето што ми го приреди таму дефинитивно и ќе ми остане омилено место и една поинаква дестинација од сите други.“, вели Глорија Маноилова (26) од Штип, професор по пијано во средно музичко училиште.
Глорија Маноилова (26) од Штип, професор по пијано во средното музичко училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип беше запросена во Дубаи од страна на својот сакан Емил Павлов.
Емил Павлов (29) моментално најдобариот каратист во нашата држава и има постигнато големи успеси на поле спорт.
Беше прогласен и за најдобар спортист на Македонија за 2018 година со освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Нови Сад. Негови најголеми достигнувања се два пати Европски шампион и претходната година во месец ноември најголемиот негов успех Светски вицешампион.
За нивната љубовна приказна и запросувањето, Глорија открива за CRNOBELO.com:
„Со Емил сме заедно веќе 7 години, пораснавме заедно и мислам дека се познаваме доволно добро за да можеме да го продолжиме нашиот заеднички живот на еден поинаков начин.
Запросувањето се случи во Дубаи, пред познатата зграда Бурџ Халифа. Чувството не можам да го опишам, едноставно треба да се доживее.
Бев толку многу возбудена и изненадена, искрено се тресев цела и од самиот поглед и од самите емоции. Ми требаше некое време за да сфатам што се случи.
Со самото тоа што се одлучивме да го посетиме Дубаи Емил ми исполни еден од моите најголеми сонови, а со изненадувањето што ми го приреди таму дефинитивно и ќе ми остане омилено место и една поинаква дестинација од сите други.“
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело