„Горд сопруг“ - Сопругата на Сашко Коцев стана Доктор на науки, актерот ја сподели веста
- Детали
- среда, 16 февруари 2022
Сашко Коцев веќе 9 години ужива во бракот со докторката Смиљана Бундовска, која сега стана и Доктор на науки. Актерот е горд на неа и нејзините успеси.
Сашко Коцев е 9 години во брак со докторката Смиљана Бундовска, која сега стана и Доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Актерот ја сподели веста на својот Фејсбук профил и напиша: „Горд сопруг“.
Сашко сподели објава во која се вели дека осум докторки на науки, сите од областа на медицината и здравството биле промовирани вчера во аулата на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а меѓу нив е и неговата Смиљана.
фото: Фејсбук Сашко Коцев
Парот има една ќерка, а Коцев секоја година со шеговити објави ја одбележува годишнината со својата сакана. Тие се венчаа во 2012 година во Куршумли Ан, а во 2017 година ја добија ќерката.
Тој е познат и по своите хумористични статуси на Фејсбук на разни теми.