Во тату студио во Скопје маж си го истетовира ликот на Тома Здравковиќ и стих од него
- Детали
- четврток, 03 февруари 2022
Македонскиот тату артист Влатко Здравков направи ремек-дело на ногата на клиент. Станува збор за ликот на Тома Здравковиќ и неговиот стих „Све је у животу пролазно мој друже“...
Горан Миќиќ е еден од најпознатите тату артисти кај нас кој повеќе од 16 години се занимава со оваа професија. Во неговото тату студио во Скопје работат и други врвни професионалци покрај него, а еден од нив е Влатко Здравков.
Тату артистот Влатко Здравков
Тој деновиве го истетовира ликот на Тома Здравковиќ на клиент.
Ова е ремек-дело направено од рацете на Македонец и горди сме на тоа, па моравме да го контактираме.
За CRNOBELO.com Влатко за изработката на тетоважата со ликот на Тома Здравковиќ вели:
„Клиентот е скопјанец на возраст од околу триесетина години, менаџер на кафеана и lounge bar. Одамна сакаше да го истетовира ликот на Тома, а за мене беше вистински предизвик изработката на оваа тетоважа, уживав навистина.
Ја правев околу 3 ипол или 4 часа и мора да признаам дека беше тежок зафат. Сепак, кога на крај задоволството е големо и кај клиентот и кај мене, вреди трудот.
Најважно е работата да се работи со љубов, а јас дефинитивно тетоважите ги правам со љубов и на секоја од нив комплетно се посветувам.“
Мажот на чие тело е истетовиран ликот на Тома Здравковиќ одлучил местоположбата на тетоважата да биде на неговата нога.
Под ликот го има и стихот на Тома „Све је пролазно у животу мој друже“ од песната „Свирајте ночас само за њу“.
https://www.youtube.com/watch?v=OlcpTJiVrls
Делото од вештите раце на нашиот тату-артист Влатко Здравков:
Погледенете и Видео интервју со Горан Миќиќ: Како е да се биде... тату артист
С. С. | Црнобело