Промена на работата, откажување од пушење - Седум совети како секоја одлука да ја спроведете во дело
- Детали
- петок, 28 јануари 2022
Поголем дел од луѓето си ветуваат дека на почетокот на годината ќе направат некоја радикална промена во својот живот. Некој размислува за промена на работата, поголем дел дека ќе почнат диета и ќе се свртат кон поздрава исхрана, многумина планираат да ги остават цигарите, а некој сака оваа година повеќе време да посвети на дружење со семејството и пријателите.
Ниту една од овие одлуки не е лесна. Колку и да ни делуваат банално, не е едноставно да се излезе од рамките на секојдневието, да се сврти нов лист и да се промени секојдневната рутина. За да не се разочарате од сопствените (не)успеси, ви донесуваме неколку совети кои можат да ви помогнат да истраете во своите одлуки:
1. Поставете си реални цели.Секоја цел треба да биде остварлива, но и амбициозна. Ако поставите цел која е премногу лесно остварлива, и за која е многу извесно дека ќе се случи, има шанси таа цел да не ве мотивира доволно. Затоа, пожелно е да зацртате цел која е остварлива, но која за момент може да ви се причини и преамбициозна.
2. За секоја одлука направете листа за и против.Тоа ќе ви помогне сѐ да согледате од повеќе агли и да пронајдете најдобар начин како нешто да промените. Така нема да се почувствувате разочарано.
3. Бидете конкретни, направете план. Немојте да се потпирате на донесување општи одлуки како „оваа година ќе бидам повреден“, туку на пример „оваа година ќе престанам постојано да гледам серии и наместо тоа, слободното време ќе го посветам на вежбање“. Така ќе можете да ги визуелизирате целите и да се определите за оние конкретните.
4. Секогаш размислувајте за алтернатива. Ако размислувате за промена на работата, најпрвин пронајдете работа која повеќе ви одговара, па дури потоа дадете отказ. Ако, пак, сакате да ги оставите цигарите, а пред тоа безуспешно сте пробувале, не би било лошо да размислите за премин на подобри алтернативи, како уредите кои го загреваат тутунот. Научно докажаните уреди базирани на технологија на загревање на тутунот, не го согоруваат тутунот и така во просек произведуваат 95 проценти помалку штетни состојки во однос на чадот на цигарите. Сепак, не заборавајте дека целосното престанување на конзумирање на тутун и никотин е најдобрата опција за вас.
5. Немојте да си говорите „морам“, туку „сакам“. Кога ќе си претставите дека нешто морате, автоматски се пали ламбичка што се спротивставува на тоа. Доколку сакате да почнете да се храните здраво, поставете си го тоа како нешто што не е обврска, туку долгорочна инвестиција во сопственото здравје. Одете до најблискиот пазар, набавете овошје и зеленчук и полека менувајте го вашиот живот на подобро.
6. Не очекувајте веднаш да ги почувствувате придобивките од промените што ги спроведувате. Потребно е време да се ресетирате и да го видите конечниот исход од вашата одлука. Доколку сте почнале со диета, не се деморализирајте ако во првиот месец не ги изгубите зацртаните осум килограми. Наместо тоа, размислувајте дека килограмите не пристигнале преку ноќ, па нема ни да исчезнат преку ноќ. Поставете една по една мала цел пред вас, секоја е нова победа.
7. И за крај, не очајувајте ако некоја одлука не ја спроведете веднаш во дело. Обидете се повторно и пронајдете го најприфатливиот начин тоа зацртано и да го остварите. Радувајте се на малите победи, тие дополнително ќе ве мотивираат.