Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Почивај во мир маестро, од денес со својата Анче“ – Почина Александар Џамбазов

Во 85-тата година од животот почина големиот македонски диригент и композитор Александар Џамбазов.

pochivaj-vo-mir-maestro-od-denes-so-svojata-anche-pochina-aleksandar-djambazov-01.jpg

Веста за смртта на Маестро Џамбазов ја потврди и неговиот син, нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов кој објави фотографија на социјалните мрежи до која напиша:

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој... “

Александар Џамбазов беше во брак со нашата актерка Анче Џамбазова која почина во 1997-мата година, а заедно ги добија Игор и Тања.

Тој беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“. 

Маестро Александар Џамбазов исто така е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“.

Пишувал сценска и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка), како и повеќе дела на класичната музика меѓу кои најпозната му е „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар.

Автор е на повеќе оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, но и песни за деца.

Со Маестро Џамбазов на социјалните мрежи се простуваат и голем број наши познати личности и музичари.

Игор Дурловски на својот Фејсбук профил објави:

Душа човек,
прекрасен музичар.
Царство небесно маестро Џамбазов

Давид Темелков, со емотивна објава на социјалните мрежи се поздрави со него:

Драг Маестро...

Годините брзо поминаа и не успеав во живо да ти се заблагодарам! Ти благодарам што ми го одреди патот кој го чекорам, колку и да е трновит, си го сакам, мој е.. Ти го потврди талентот кој го носам, ти ме усмери. И кога бевме на раскрсница, ти се појави случајно да не исправиш. Ќе те носам во најубавите детски сеќавања, како и секое славејче кое за прв пат запело со тебе и поради тебе!

Царство Небеско наш МАЕСТРО!

Погледнете повеќе фотографии што Игор ги споделувал со неговиот татко:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Александар Динев објави фотографии од болнички кревет: „По 6 години болка направив операција - ми ди... „Секоја болничка врата што ја отворав, се затвораше со разочарување. И така, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg