Тијана Дапчевиќ на ручек во Белград со Тони Михајловски и сопругата, по најавата за трка за Евровизија
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
Сопругата на Тони Михајловски храбро говореше за својата битка со ракот, а сега му е поддршка додека тој снима серија во Белград. Со нив е и нивниот 10-годишен син Максим.
Тијана Дапчевиќ се пофали дека ѝ дошле другарчињата од Скопје, односно Тони Михајловски и неговата сопруга Александра Јорева Михајловски, заедно со синчето Максим.
Максим е помалиот син на Тони, кој во ноември минатата година наполни 10 години.
Сопругата на Тони во 2020-та отворено говореше за нејзината борба со ракот.
Тијана среќна поради посетата од страна на пријателите напиша:
„Ми дојдоа другарчињата. Тони ќе снима некоја серија, а ние му сметаме“.
Кратко пред ова Тијана најави дека ќе настапи на изборот за песна Беовизија, каде победата би ѝ донела претставување на Србија на Евровизија.
„Да, точно е дека настапувам на Беовизија, која се одржува на почетокот од март. Имам одлична песна која се вика „Љуби, љуби довека“, за која музиката и текстот ги напиша мојата драга Леонтина Вукомановиќ, а аранжманот и продукцијата е на Немања Филиповиќ.
Јас на секој фестивал досега сум одела за да промовирам песна (што се виде и на претходните фестивали кога победата ќе ме изненадеше), па така одам и на овој. Ќе биде тоа прекрасна забава, ќе учествуваат многу мои прекрасни колеги и едвајч чекам да ја чуете оваа песна затоа што сум убедена дека ќе ви се допадне.“