Ивана Кнез: „Животот ни се претвори во нема парно, има корона, но мене лек ми е планинарскиот дом Караџица“

„Слушам коментари дека ме нема, ме снемало, трачеви со кого како зошто, таму сум била, онаму сум била. Не само за мене нели, животот ни се претвори во рекла казала. Едно од местата на кое реалноста се губи во магија во животот ми е планинарскиот дом Караџица...“, ја започнува својата емотивна објава македонската дизајнерка Ивана Кнез.

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-01.jpg

Дизајнерката Ивана Кнез е постојано активна на својот Инстаграм профил каде отворено говори на разни теми. Од борбата со килограмите до консумирањето на алкохол, таа секогаш е искрена, природна и своја.

Па, така и овојпат сподели дека ѝ е преку глава од секојдневните проблеми со кои се соочуваме и откри кое е нејзиното место за спас.

Таа ја доловува магијата на планинарскиот дом Караџица:

„Нема струја, нема парно, има корона, има нова корона, нема живот. Во моментов живееме во време на седостапност. Никогаш не владеел поголем мир, а никогаш не било волку немирно и несреќно. Веројатно и најмногу заради нашите минати избори, заради компромисот наречен преживување.

Слушам коментари дека ме нема, ме снемало, трачеви со кого како зошто, таму сум била, онаму сум била. Не само за мене нели, животот ни се претвори во рекла казала по социјално мерилно скалило.

Едно од местата на кое реалноста се губи во магија на комплетно непостоење и место каде има простор да се освестиш и вистински да уживаш во животот ми е планинарскиот дом Караџица кој се наоѓа на 14.5km од Солунска Глава на два часа возење од Скопје со теренско возило каде те пречекува еден поинаков вистински свет, со вистински луѓе, без лајкови и без притисокот кој сами си го наметнуваме.

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-06.jpg

За оние кои сакаат вистински да уживаат во тоа што моментов го преживуваме, топла препорака. Не очекувајте моет и сепариња, но затоа очекувајте го она со кое нормално се живее.

Ќе ве пречекаат со вкусна сезонска храна подготвена од нив, пијалак по желба, а ако претерате како што јас често го правам тоа, ќе си резервирате соба за преспивање со чиста постелнина.

Намасте прекрасници, еднаш е, животов се брои во денови кои се паметат, во вкусови, бои и мириси кои те носат во паралелни универзуми.“

Фотографии од Ивана Кнез од планинарскиот дом Караџица:

https://www.instagram.com/p/CY1Kvc5sxFh/

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-02.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-05.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-04.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-03.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-10.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-09.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-08.jpg

ivana-knez-zhivotot-ni-se-pretvori-nema-parno-ima-korona-no-mene-lek-mi-e-planinarskiot-dom-karadjica-07.jpg

Прочитајте и „Дневно пиев по неколку пијачки што прераснаа во литри, јадев како за седум луѓе“ – Ивана Кнез со искрена исповед

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Прилепчанката Ивана Ѓорѓиоска го победи ракот на лимфната жлезда: „Со двете деца во раце се изборив ... „Ивана ти си хероина на денот“, „Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg