„Дневно пиев по неколку пијачки што прераснаа во литри, јадев како за седум луѓе“ – Ивана Кнез со искрена исповед

„Пушев по две кутии на ден, пиев по неколку пијачки што прераснаа во литри, јадев двапати на ден како за седум луѓе“ – вели Ивана во искрената исповед на Инстаграм.

dnevno-piev-po-nekolku-pijachki-shto-prerasnaa-vo-litri-jadev-kako-za-sedum-lugje-ivana-knez-so-iskrena-ispoved-01.jpg

Ивана Кнез никогаш не го крие своето вистинско лице и неретко отворено зборува за предизвиците со кои се соочувала. Македонската дизајнерка секогаш е отворена и за битката со килограмите и лошите животни навики од минатото, притоа мотивирајќи ги другите да почнат да работат на себе и да станат подобри личности.

Во нова Инстаграм објава, Ивана сподели две фотографии – една од периодот кога не водела грижа за своето здравје и една од сега, откако ги променила животните навики и се ставила себеси на прво место. А, во описот на објавата открива кои се пороците и нездравите навики од кои успеала да се ослободи со напорна работа, нагласувајќи дека овие фотографии и за неа се потсетник дека патот што го изминала не е воопшто лесен, но дека вреди.

Искрената исповед на Ивана во продолжение:

„Еве и овде. Доста изреагиравте па нека стои овде споредбава (имам право секако, мои слики се) Лево е 20 г после првата сработена претстава, пушев по две кутии на ден, пиев по обавезно неколку пијачки, најчесто коњак, што понатаму прераснаа во литри, јадев двапати на ден ко за седум луѓе со вклучена кока-кола, од вежби најголемата ми беше да одам по леб до продавница, заспивав во 4 најрано се будев во 12.

Десно на 36, не пушам веќе 12 години, повремено знам да се направам леш, не викам не, вежбам за мене, за душа кога сакам и како сакам, станувам во 6, јадам балансирани оброци со фокус на зеленчук и овошје, мнооогу вода, брашно и шеќер само за стрв и овој пат приоритет сум си јас.

dnevno-piev-po-nekolku-pijachki-shto-prerasnaa-vo-litri-jadev-kako-za-sedum-lugje-ivana-knez-so-iskrena-ispoved-3.jpg

Освои се себе и ќе го освоиш светот, последниве години се ужас знам, се погубивме во пандемии, несреќи, болка, загуба, економии и политики. Затоа можеби сега, повеќе од било кога потребни сте си сами на себе да ги победите стравовите, зависностите, да се засакате за нијанса повеќе и да си дадете здравје. На крајот сè се сведе на основните постулати, здравје, љубов, емпатија и меѓусебна почит, ништо повеќе не е потребно за среќа.

dnevno-piev-po-nekolku-pijachki-shto-prerasnaa-vo-litri-jadev-kako-za-sedum-lugje-ivana-knez-so-iskrena-ispoved-02.jpg

Ќе го оставам ова да трепка овде, и мене да ме потсетува колку не е лесен патот кон себереализација, ама па колку проклето вреди. Намасте прекрасници, животот е волшебен“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg